Connect with us

Свет

Голем пожар во зградата на украинската Влада во Киев

Утрово избувна пожар во зградата на Владата на Украина во центарот на Киев, јави украинскиот ТВ канал „Обштественое“.

„Во Печерскиот реон зградата на кабинетот е во пламен“, се наведува во објава на Телеграм.

Порталот „Страна.уа“ објави фотографија на која се гледа густ чад над Плоштадот на независноста.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека станува збор за владина зграда во Печерскиот реон и дека на местото интервенираат противпожарни екипи.