Connect with us

Останати спортови

Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа

На јужниот тревник на Белата куќа следната година ќе се одржи првиот UFC настан во мешани боречки вештини, објави „Волстрит џурнал“.

Првично борбата беше планирана за 4 јули 2026 година, по повод 250-годишнината на САД, но е поместена за јуни. Настанот ќе биде проследен со повеќедневни фестивали на Националниот мол.

Директорот на UFC, Дана Вајт, минатата недела се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп и добил одобрение за одржување на борбата. „Борбата во Белата куќа е потврдена“, напиша Вајт на социјалните мрежи.

Покрај натпреварите за мажи и жени, ќе има официјални мерења и прес-конференција кај Меморијалот на Линколн.