Свет
Стотици ЛГБТК+ католици на поклонение во Рим по повод Светата година

Стотици католици од ЛГБТК+ заедницата, заедно со членовите на нивните семејства, учествуваа денеска на поклонение во Рим по повод Светата или Јубилејната година, посветена на надежта.
Тие го прославија зголеменото прифаќање на нивната заедница во Католичката црква, припишувајќи ја промената на поранешниот папа Франциск.
Миса за аџиите служеше бискупот Франческо Савино, потпретседател на Италијанската бискупска конференција, во преполна jeзуитска црква во Рим. Неговите зборови за јубилејните години како време за простување долгови и враќање надеж на маргинализираните беа поздравени со овации.
Поклонението, организирано од италијанската организација „Jonathan’s Tent“ и американската група „Outreach“, основана од jeзуитскиот свештеник Џејмс Мартин, беше вклучено во официјалниот календар на Ватикан за Светата година, иако организаторите нагласија дека тоа не имплицира поддршка или спонзорство од Ватикан
Папата Лав XIV денеска одржа посебна аудиенција за сите аџии во Рим, без конкретно да ја спомне ЛГБТК+ заедницата. Верниците се очекува да поминат низ Светите врата на Базиликата „Свети Петар“.
Светата година, што се одржува еднаш на секои 25 години, ги повикува верниците на аџилак во Рим, а оваа година е посветена на темата надеж.
септември 7, 2025