Општини
Сарамандов: Гевгелија ќе продолжи да се развива како успешна, модерна и урбана заедница

Градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов на настанот за промоција на својата кандидатура за втор мандат за градоначалник на општина Гевгелија истакна дека се работи посветено за општината да се развива како урбана и модерна заедница.
„Дадената доверба по втор пат и поддршката од моите сограѓани ме обврзува Гевгелија да продолжи да се развива како успешна модерна и урбана заедница, со многу работа, со многу труд и енергија, заедно со мојот тим успеавме да се справиме со предизвиците и да реализираме повеќе проекти од сите сегменти на денешното живеење. Работевме таму каде што најмногу ѕтребаше и докажавме дека кога се работи посветено резултатите се гледаат насекаде и им служат на сите“, рече Сарамандов.
Градоначаникот Сарамандов истакна дека се работат многу проекти за уште посилна Гевгелија, притоа потенцирајќи дека сето тоа е постигнато со одговрно и транспарентно работење кое ќе продолжи во иднина.
„Гевгелија чекори напред со нови стандарди, поголема функционалност и визија. Во моментот заедно со вас граѓаните ја подготвуваме програмата за престојните локални избори. Гевгелија ќе чекори уште посилно, уште посигурно и уште побрзо напред и имаме план енергија и заедништво. Заедно покажавме што значи одговорност и посветеност, а заедно ќе ја испишеме и следната победничка приказна“, вели Сарамандов.
септември 7, 2025