Connect with us

Свет

Пожар избувна во поранешната телевизиска зграда на Би-Би-Си, го гаснат околу 100 пожарникари

Околу 100 пожарникари од утрото гаснат пожар што избувна во деветкатница во лондонскиот Вајт Сити, објавија британските власти.

Петнаесет противпожарни возила се пред зградата во Вуд Лејн, а пожарот се проширил на горните катови од зградата, објави Лондонската противпожарна бригада.

Зградата е стариот телевизиски центар на Би-Би-Си, што беше седиште на радиодифузерот до 2013 година.