Connect with us

Свет

Пенс: Путин ќе нападне членка на НАТО ако победи во Украина

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс изјави дека „нема сомнеж“ оти Русија ќе нападне земја-членка на НАТО доколку оствари победа во Украина, јави Би-Би-Си.

– Такво сценарио би ги принудило САД и европските сојузници на директен воен судир со рускиот претседател Владимир Путин, предупреди Пенс, кој беше потпретседател во претходниот мандат на претседателот Доналд Трамп.

Во изјава за Би-Би-Си, тој нагласи дека во таков случај улогата на Вашингтон би била да обезбеди поддршка, додека европските партнери треба да ја преземат водечката улога во одбраната.

Пенс ги пофали и напорите на таканаречената „коалиција на подготвените“ за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, оценувајќи дека тие можат да создадат услови за траен мир и да испратат силна порака до Кремљ.