Скопје
Општина Аеродром: Почна уличниот фестивал на храна, голема посетеност уште на првиот ден

Со голем број посетители и фантастична атмосфера вчера официјално почна првиот „Уличен фестивал на храна“ (AERO Street food festival) во паркот „Авионче“ во општина Аеродром.
– Фестивалот уште првиот ден се претвори во главна атракција во градот – со десетици штандови на познати брендови за храна, уникатни специјалитети и разновидна музичка програма што ја одржа публиката до после полноќ. Организаторите изразија задоволство од огромниот интерес и поддршката од граѓаните и најавија уште многу изненадувања во наредните фестивалски денови, велат од локалната самоуправа.
Планирано е фестивалот да трае до понеделник – 8 септември. Според локалната самоуправа, фестивалот нуди „четири дена полни со вкусна храна, музика, натпревари и незаборавна дружба“.
Настанот се реализира со поддршка на Oпштина Аеродром, а влезот е бесплатен.
септември 7, 2025