Connect with us

Култура

Објавен романот „32 март“ на македонски јазик во издание на „Матица македонска“

 „Матица македонска“ го објави романот „32 март“ од каталонско-шпанскиот писател Хавиер Боск, во превод на македонски јазик. Ова, како што денеска информира „Матица македонска“ е прв превод на Балканот на најновиот роман на најпродаваниот писател во Шпанија.

– Македонските читатели, со заложба на „Матица македонска“ имаат ексклузивна можност први во регионот да прочитаат едно од највредните книжевни дела во светски рамки во последната деценија – ремек дело не само на каталонската, туку и на европската и на светската книжевност. Роман што го освојува вниманието на читателската публика ширум Европа, со највисои оцени на сите релевантни читателски форуми, велат од „Матица македонска“.

Дејството на романот „32 март“ вистински почнува еден ден, кога Барбара откако доживува нешто што длабоко ја вознемирува и ѝ предизвикува големо страдање, решава да најде засолниште во Париз. Се сместува кај баба ѝ Марго, со која е посебно поврзана. Едно утро во 2008 година, во годината кога снегот ја затрупува земјата, Барбара наоѓа непознат млад човек заспан на нејзиниот црвен кауч. Таинствениот фотограф, кој никогаш не правел фотографии на луѓе, ќе помогне во една неочекувана потрага. Заедно ќе ги откријат тајните на Марго, жената што ја преживеала окупацијата на Париз во Втората светска војна.

– „32 март“ е роман за борбата меѓу ужасот и убавината. Тоа е денот кога животот нѐ дарува кога најмалку очекуваме. Хавиер Боск ни покажува дека вчерашните сенки се ризици на денешниот ден. Ни ја открива пропагандата како оружје за масовно заведување, и музиката како инструмент за спасение. И ни ја опишува застрашувачката сила на љубовта. Роман – симфонија од детали и емоции, Танд на два временски периоди, оценува критиката.

Хавиер Боск е прогласен за најдобро продаван писател дури петпати во Шпанија. Добитник е на двете најпрестижни награди во каталонската литература: наградата „Сан Џорди“ (2009) и „Рамон Љуљ“ (2015). Боск е еден од највлијателните писатели за фудбалскиот клуб Барселона. Покрај како писател, ценет е и како новинар со долга и богата кариера. Глумел на радио и телевизија, создал неколку успешни аудиовизуелни формати и работел како уредник на весник. Исто така, режирал два документарци за класичната музика и дејствува како редовен член на Каталонската јазична комисија.