Connect with us

Формула 1

Макс Верстапен се избори за пол позицијата во Монца

Возачот на Ред Бул Макс Верстапен се избори за пол позицијата за утрешната трка на патеката Монца. Ова за него е прва пол позиција во продолжението на сезоната.

Од втората позиција ќе стартува Ландо Норис, а како трет заврши Оскар Пјастри. Тоа значи дека ќе продолжи борбата за титулата светски првак.

На следните две позиции се пласираа двајцата возачи на Ферари Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кој пак поради казна ќе стартува од десетото место.

Ваквиот редослед на квалификациите може да биде најава на интересна трка утре на патеката Монца со почеток во 15 часот.