Connect with us

Општини

Земјотрес со интензитет од три степени регистриран во земјава

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала ноќеска е регистриран во земјава. Епицентарот на земјотресот потекнува од валандонското епицентрално подрачје, 116 километри југоисточно од Скопје. 

Сеизмолошката опсерваторија утринава информираше дека земјотресот е регистриран ноќеска во 02:13 часот со Рихтерова локална магнитуда 2,2. 

Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината