Connect with us

Општини

ВМРО-ДПМНЕ: 4 години во Охрид се решаваа крупните проблеми, се изгради ново училиште и спортска сала…

Од општина заглавена во милионски долгови со блокирана сметка, туристичкиот центар Охрид веќе е град на развојот и просперитетот во кој се реализираат проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.

Со наследен долг во висина од 14,5 милиони евра, со одговорно, домаќинско и посветено работење на четири годишната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, општина Охрид е веќе целосно раздолжена општина.

Тоа придонесе и створи можности да се реализираат и да се отпочне со реализација на голем број проекти кои суштински го менуваат ликот на градот, да се гради и реконструира патната инфраструктура, да се модернизираат условите во училиштата.

После долги години ветување за катна гаража во Охрид, која ќе го олесни сообраќајниот метеж и функционирањето на градот, конечно започна постапката за нејзината изградба.

После 50 години, за прв пат е изградено и пуштено во употреба целосно ново училиште со најсовремени и најмодерни услови.

Покрај вложувањето во училишната инфраструктура и изградбата на новото училиште, паралелно се подобруваше и училишната спортска инфраструктура. Во училиштето во Лескоец се изгради нова спортска сала со најсовремени услови за спортување и тренинг.

Паралелно на ова се работеше и се инвестираше и во другата страна на градот, покрај Охридското езеро.

По долги години, почна постапката за изградба на пречистителната станица во Трпејца, за која е изготвен целосно нов проект кој предвидува примарна и секундарна канализациона мрежа која ќе ја носи целата отпадна вода до одредена точка, а понатаму со една пумпа ќе се води до пречистителната станица, а од таму ќе се испушта прва класа техничка вода езерото.

Покрај оваа во Трпејца иста ваква пречистителна станица ќе се гради и во Љубаништа, со што, скоро целата крајбрежна територија во рамките на општина Охрид, ќе биде покриена со пречистителни станици.

Изминатите четири години, се вложуваше во сите области на општественото живеење и општината се развиваше во сите населени места подеднакво.