Connect with us

Регион

(Видео) Молотови коктели во Атина по протестот за железничката несреќа

Непознати лица фрлија низа молотови коктели кон полицијата пред грчкиот Парламент во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката несреќа кај Темпи, на кој граѓаните уште еднаш побараа правда за жртвите. 

Инцидентите беа само неколку минути по завршувањето на протестот и додека сѐ уште имаше граѓани во делот пред Парламентот, па така полицијата не употреби солзавец. 

Тензиите се пренесоа во долниот дел на плоштадот Синтагма, каде што побегнса маскираните лица, а специјалните полициски сили употребија солзавец, по што страстите брзо се смирија. 

Неофицијално, приведени се над 20 лица.

Под слоганот “Правда” илјадници граѓани се одзваа на повикот на Здружението на роднините и семејствата на загинатите во железничката несреќа кај Темпи и се собраа на плоштадот Синтагма во центарот на Атина. 

Протестот беше во исто време со говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на Меѓународниот саем во Солун, а насобраните им се обратија и роднини на загинатите.  

„Немам кислород, не е само број, туку 57 загинати. Правда за нив”, “Корупцијата убива”, “Не забораваме, не простуваме”, беа дел од пораките на протестот.

Во директен судир на патнички и товарен воз пред две две и пол години кај месноста Темпи, животот го загубија 57 лица.