Connect with us

Регион

Отворени апликациите за наградата за иновации „Butterfly 2025“, шесте најуспешни идеи ќе добијат до 5 000 евра

Советот за регионална соработка (СРС) ги поканува иноваторите од Западен Балкан да аплицираат за 4-тото издание на Регионалната награда за иновации „Butterfly“, која слави влијателни, скалабилни и пазарно ориентирани решенија од регионот. Најдобрите решенија во секоја од шесте категории ќе добијат награда до 5.000 ЕУР.

Можете да аплицирате во најмногу две од шесте категории:

Индустриска иновација (автомобилска индустрија, металопреработувачка, креативни индустрии, агро-храна, зелена и циркуларна економија, туризам, како и fintech, edtech, biotech, healthtech и слични области)
Зелена иновација (климатски акции, одржлива енергија, мобилност и земјоделство, загадување, заштита на природата и биодиверзитетот)
STEM иновација (наука, технологија, инженерство и математика)
Младинска иновација (за студенти на додипломски студии или средношколци)
Универзитетска иновација (за претприемачка култура на универзитетите)
Женска иновација (за жени иноватори и претприемачи)
Право на аплицирање имаат млади поединци или тимови од Западен Балкан. Пријавите мора да се вклопат во една од официјалните категории, додека иновативните решенија треба да демонстрираат конкретно влијание во рамките на Западен Балкан.

ПОГЛЕДНИ ГИ ПРАВИЛАТА И АПЛИЦИРАЈ

Ги покануваме сите поединци и тимови што ги исполнуваат наведените критериуми да аплицираат и да земат учество во ова натпреварување.
Апликациите се отворени и ќе бидат примени до 8 октомври 2025 година, на полноќ. Добитниците на Наградата за иновации „Butterfly“ ќе бидат објавени во ноември 2025 година.

Лансирана во 2022 година, Наградата за iновации „Butterfly“ прерасна во регионална платформа за славење на креативноста и напредокот. Овогодишното издание продолжува да го поттикнува економскиот развој на Западен Балкан преку дигитална трансформација, унапредување на еколошка одржливост и промовирање на култура на иновации. Со истакнување на највпечатливите примери на иновации, соработка и креативност, наградата има за цел да ги оспособи недоволно претставените групи, особено младите и жените. Во првите три изданија, Наградата „Butterfly“ препозна 18 иновативни решенија од целиот Западен Балкан.

Дознајте повеќе за Наградата за иновации „Butterfly“
Погледнете ги добитниците на Регионалната награда за иновации „Butterfly“ од 2024

Регионалната награда за иновации „Butterfly“ е финансирана од Европската унија и се имплементира од СРС, како дел од Акцискиот план за Заеднички регионален пазар за Западен Балкан.