Connect with us

Свет

Апелацискиот суд пресуди против политиката на Трамп за признавање само на два пола во САД

Апелацискиот суд на САД ја потврди пресудата на понискиот суд со која ѝ беше наредено на администрацијата на Доналд Трамп да продолжи со издавање пасоши со Икс или графата за ознака на полот за трансродови или небинарни лица.

Трамп потпиша извршна наредба со која во САД се признаваат само два пола – машки и женски, а Стејт департментот престана да издава пасоши со Икс или ознаката за различен пол од тој при раѓање.

Во јуни, американски судија ѝ нареди на администрацијата да продолжи со издавање на такви пасоши. Владата поднесе жалба, но Апелацискиот суд ја отфрли жалбата и го потврди заклучокот на понискиот суд дека одлуката на администрацијата ќе предизвика непосредна и неповратна штета на засегнатите лица.

Првиот американски пасош што го означи полот како Икс беше издаден во октомври 2021 година од страна на Стејт департментот.