Connect with us

Свет

Јужна Кореја, Јапонија и САД ќе одржат заеднички воени вежби поради заканата од Северна Кореја

Јужна Кореја, Јапонија и САД ќе организираат годишни одбранбени вежби со цел да ги зајакнат своите воздушни, поморски и кибер-оперативни способности како одговор на нуклеарната и ракетна закана од Северна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Според официјалното соопштение, заедничките маневри ќе започнат на 15 септември.