Connect with us

Општини

Јавен отчет на битолскиот градоначалник Тони Коњановски

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на посебна публикација ги претстави постигнатите резултати од работењето на локалната самоуправа во периодот 2021 – 2025 година. Во јавниот отчет на градоначалникот Коњановски, граѓаните можат да се информираат за капиталните и други проекти, насочени кон развој и модернизација на општината во интерес на сите нејзини жители, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Во изминатите четири години од мандатот на Коњановски извршено е осветлување на архитектонскиот бисер Широк Сокак, изградени се влезот во Битола од Охрид и од Скопје, велосипедски патеки и нов парк во Нова Битола.

-Во овој период поставени се фотоволтаици на 10 училишта, изградба на детска градинка во АРМ и нова противпожарна зграда, на стадионот „Петар Милошевски“ комплетирана е северната трибина, и почна реализација на проект за јужната трибина, а се подготвува и нов  ГУП за Општина Битола. Во публикацијата може да се прочита за реконструкција, осветлување и хортикултурно уредување на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“, за пешачката патека „Тумбе кафе – Смолево“, како и за авантуристичкиот парк на Пелистер, соопштија од Општина Битола.

Во мандатниот период на Коњановски изградени се и реконструирани улици и патишта во должина над 50 километри, започнати со реализација се 14 од вкупно 16 проекти, поддржани од Владата на Република Македонија, а општината од  Владата доби 707 милиони за други 65 нови проекти.

Отчетот за периодот 2021–2025 година ја отсликува доследноста во работењето на локалната самоуправа, реализираните проекти и заложбата за континуиран развој на општината, информираа од секторот за односи со јавност на битолскиот градоначалник.