Хроника
СВР Тетово: Расчистен случај на нападнати двајца малолетници, напаѓачите се лишени од слобода

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека е расчистен случај од вчера кога биле нападнати двајца малолетници, по што се лишени од слобода две лица на 20 и 23 години, а извршен е службен разговор со 16 малолетници.
Според пријавеното од родителите на двајцата нападнати малолетници Ќ.Е.(50) и Х.И.(43) од село Доброште, нивните синови биле со уште еден малолетник, кој успеал да избега, а членовите на групата која ги нападнале биле навивачи на тетовски фудбалски клуб.
-На 03.09.2025 во 22:30 часот на улица „Прилепска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.Ќ.(20) од Тетово, на 04.09.2025 година во 12:10 часот на улица „Илинденска“ го лишија од слобода Д.Д.(23) од село Радиовце. Исто така, извршен е службен разговор со 16 малолетници. Тие се сомничат дека околу 18:00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово во група, физички нападнале 17-годишник и 15-годишник, двајцата од с.Доброште, општина Теарце, кои излегувале од средно училиште, информира СВР Тетово.
По нападот, двајцата малолетници биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. По документирање на случајот, во содејство со јавен обвинител, против напаѓаачите ќе бидат поднесени соодветни пријави
септември 5, 2025