Connect with us

Општини

Петар Јанков, кандидат за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ: Визијата за помодерна и почиста Струмица не е само моја, туку и на граѓаните

Визијата за помодерна, урбана и почиста Струмица не е само моја, туку е ваша визија. Наша задача е да ги подджиме младите, да се грижиме за постарите и да ја развиваме и унапредуваме локалната економија, истакна кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Петар Јанков, на денешната прес конференција.

Додаде дека во периодот што следува ќе разговара со граѓаните и ќе се видат нивните потреби и размислувања.

-Знам дека нема да биде лесно, но ве уверувам дека заедно ќе успееме. Ветувам работа, работа, многу работа, чесност и посветеност, подвлече Јанков.

Во денешното обраќање тој се заблагодари за изборот на членовите на ИК на ВМРО ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, како и на граѓаните за досега укажаната доверба.