Connect with us

Хроника

Малтретирани деца во два одделни случаи во општина Карпош

Во полиција во текот на вчерашниот ден биле пријавени малтретирања врз две деца во два одделни случаја.

– Во 21:10 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Б.Н., 37-годишен скопјанец, пријавил дека околу 14:30 часот во ходник од основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот 10-годишен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои потоа во училишниот двор му се заканувале и го навредувале, а едниот од нив снимал со мобилен телефон, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Претходно, во 10:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, С.К., 44-годишна скопјанка, пријавила дека претходната ноќ, околу 21 часот на подрачјето на Карпош, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаја.