Connect with us

Хроника

Кривична пријава за градоначалникот и претседателот на Совет во општина Росоман

ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци денеска поднесе кривична пријава против С.Н. (28), градоначалник на општината Росоман и Р.Ј. (61), претседател на Совет на општината Росоман, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ согласно член 353 ст.1 од КЗ на РСМ.  За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– На седница на Совет на Општината, одржана на 28 февруари годинава, било утврдено дека  програма за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, што била изгласана на седница на општинскиот совет на 30 јануари 2023 година со 39 точки и без потпис на претседателот на Советот на општината, била изменета, односно била допишана уште една точка, 40 по ред и била потпишана од страна на претседателот на Совет на општина Росоман, појаснија од СВР Велес. 

Практично, како што соопштија оттаму,  со тоа двајцата пријавени овозможиле преку спорната 40 точка, урбанистички проект за производство на асфалт за катастерска општина „Манастирец“, да биде впишана во програмата за изработување на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во општина Росоман за 2023 година, без одобрение и гласање од страна на советниците на општина Росоман.

Исто така ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе уште една кривична пријава против С.Н. (28) од Росоман и тоа поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело  „Бесправно градење “ (чл.244-а ст.1 од КЗ на РСМ).

– Пријавениот во својство на градоначалник на Општина Росоман, дозволил без решение за реконструкција, односно одобрение за изградба на линиски инфраструктурни објекти, спротивно на одредбите од законот за градење и без основен проект – фаза градежништво, да се отпочне со реконструкција, поточно промена на сообраќајниот режим на влез во Росоман, без соодветна документација, информираа од СВР Велес