Connect with us

Култура

Кавадарци ги претстави кралицата и кралот на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“

Кавадарци ги претстави кралицата и кралот на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“ и на карневалот што е дел од оваа стопанско – туристичка манифестација. 

-Тие се срцето на веселбата, предводници на шарената поворка и симболи на тиквешкиот дух! Со насмевка, костими и чаша вино во рака – тие го слават животот, традицијата и радоста, споделија од Општина Кавадарци, како организатор на манифестацијата што ќе се одржи во петок, сабота и недела. 

Оттаму истакнаа дека станува збор за најголем празник, споделувајќи ги сите настани од овој фестивал на грозјето и виното.

– Како добри домаќини, со гордост ќе угостиме и карневалски делегации од регионот и уметници од соседството, затоа што Гроздоберот отсекогаш бил симбол на пријателство и поврзување. Гроздоберот е повеќе од манифестација – тоа е заеднички празник на традицијата, на винската култура и на тиквешката душа, соопштија од Општината.