Connect with us

Сервисни информации

Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини, нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај,

Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.