Сервисни информации
Два пожара на отворено, еден под контрола, другиот изгаснат

Вкупно два пожара на отворено низ државава се регистрирани денеска до 12:30 часот, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.
Едниот, приземен пожар на Кожуф планина, општина Гевгелија, е ставен под контрола.
Пожарот во кавадаречкото село Ваташа, каде горела ниска вегетација, бил изгаснат.
септември 5, 2025