Connect with us

Тенис

Ѓорческа на противничката и препушти само два гема

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со само два загубени гема го доби мечот од второто коло на турнирот во Слобозија, Романија што се игра за награден фонд од 40.000 долари. Таа како трета носителка без поголеми проблеми ја совлада домашната тенисерка Бјанка Барбулеску со 2:0 во сетови (6:2, 6:0) за 65 минути игра. Мечот беше изедначен само на почетокот и резултатот 2:2 во гемови во првиот сет. До крајот на мечот македонската тенисерка освои десет гема, а не загуби ниту еден.

Првиот сет го заврши со 6:2, а вториот со максимални 6:0.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против тенисерката од Хрватска Луција Ќириќ Багариќ, која оствари победа денеска со 2-0 во сетови (62 63) против Миа Ристиќ од Србија.