Connect with us

Хроника

Уапсен кумановец поради сомнение дека предизвикал пожар на патничко возило

Триесет и едногодишен кумановец се сомничи дека предизвикал пожар на патничко возило „ленд ровер“ во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово.

– На 31 август, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.П.(31) од Куманово. Тој се сомничи дека претходниот ден на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ленд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово, информираше полицијата.

Б.П. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава.