Свет
Трамп ги демантираше шпекулациите за лошо здравје

Претседателот на САД Доналд Трамп денес ги демантираше шпекулациите дека има здравствени проблеми, па дури и гласините дека е мртов, пренесе CNN.
„Немав прес-конференции два дена и многумина рекоа дека сигурно нешто не е во ред со мене. (Поранешниот претседател Џозеф) Бајден нема одржано конференции со месеци, никогаш не го гледавте, и никој не рече дека нешто не е во ред со него, иако сите знаеме дека не бил во најдобра форма,“ истакна Трамп.
Тој додаде дека лично не ги видел теориите на заговор што кружеле на интернет за време на викендот, според кои е мртов, но добивал извештаи за тоа.
Трамп нагласи дека бил активен за време на продолжениот викенд за Празникот на трудот, кога секој ден играл голф на својот терен во Вирџинија, а потсети и дека во петок дал интервју за „Daily Caller“.
септември 3, 2025