Фудбал
Се распаѓа тимот на Гвардиола, замина уште еден играч

Од шампионскиот тим на Манчестер Сити уште еден играч направи трансфер во Истанбул, Турција. Илкај Гундоган (34 години) е нов играч на Галатасарај. Искусниот играч ќе биде големо засилување за „Галата“.
Пред неколку дена редовите на „граѓаните“ ги напушти и голманот Едерсон, кој потпиша за Фенербахче.
Гундоган беше еден од омилените играчи на менаџерот Пеп Гвардиола, а откако замина во Барселона по една година се врати на „Етихад“.
Гундоган откако ги мина лекарските прегледи кариерата ќе ја продолжи во редовите на шампионот на Турција, а потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година. Пристигнувањето беше поздравено од големата армија навивачи на Галатасарај.
септември 3, 2025