Свет
Орбан за нападот на Бабиш: Насилството се вовлече и во чешката политика

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му посака брзо закрепнување на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш, по инцидентот во кој се здоби со неколку удари во главата на предизборен митинг во чешкиот град Добра.
Прво Словачка, а сега насилството се вовлече во чешката политика. Не е ни чудо. Политичките противници со години го демонизираа Андреј Бабиш, напиша Орбан на X.
Тој порача дека ова нема да го спречи Бабиш, кој, според Орбан, ќе продолжи и ќе победи на изборите.
Поранешниот премиер на Чешка, Андреј Бабиш, е лидер на опозициската партија АНО и води кампања за чешките парламентарни избори закажани за 3 и 4 октомври.
Бабиш е хоспитализиран откако бил удрен со метален предмет одзади во главата за време на предизборен митинг во градот Добра. Полицијата синоќа соопшти дека го привела напаѓачот на Бабиш и оти почнала истрага.
септември 3, 2025