Connect with us

Фудбал

Илиевски: Дуелот со Лихтенштајн е исклучително важен за нас

Македонската фудбалска репрезентација во Скопје ги продолжува подготовките за претстојните натпревари. Првиот на 4.септември со Саудиска Арабија во Прага (пријателски) и на 7.септември со Лихтенштајн во Скопје (квалификации за СП 2026). 

– Имаме навистина позитивна серија, кога нешто е добро не би требало да се менува и треба да продолжиме да работиме како и досега. Добро се подготвуваме, ќе ни биде од корист и пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија, можеби да се пробаат некои нови комбинации, а против Лихтенштајн се надевам дека ќе продолжиме позитивно и во квалификациите. Тој натпревар е многу важен, јавноста можеби не смета нас за фаворити, но покажавме дека и ние кога на хартија не сме фаворити, како против Белгија и Велс дека можеме да изненадиме. Истото може да се случи и против Лихтенштајн, затоа тој меч е особено битен за нас, изјави репрезентативецот Бојан Илиевски. 

Националниот состав ќе биде комплетен со пристигнувањето на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. Двајцата во текот на вчерашниот ден официјално потпишаа договори со своите нови клубови, Елмас како повратник во Наполи, а Чурлинов во турски Коџаелиспор.