Фудбал
Изненадувањето во англискиот Лига Куп Гримсби доби казна

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) ја објави одлуката за казната на Гримсби Таун. Клубот сам пријави дека играч без право на настап играл на дуелот со Манчестер Јунајтед од второто коло од Лига купот. Играчот Кларк Одуор не бил регистриран на време. Неговата регистрација стигнала само една минута по истекот на договорот. Играчот во игра влезе во 76.минута, при водство на Гримсби од 2:0, а Манчсетер Јунајтед успеа да избори нерешен резултат и пенали.
Одуор беше единствениот играч на победничкиот тим што не реализраше пенал, а неговиот тим победи со 12:11 на пенали.
Гримсби сега се соочува со парична казна од 20.000 фунти, а прекршокот со регистрацијата го пријави следниот ден по големиот триумф.
септември 3, 2025