Тенис
(Видео) Ѓоковиќ кон публиката по лудиот поен: „Да ве слушнам!“

Во деветтиот гем од првиот сет, Новак Ѓоковиќ сервираше за водство против Тејлор Фриц и се соочи со дури пет брејк топки. Сите успеа да ги спаси!
Особено импресивен беше начинот на кој ја спаси првата – убедливо најдобриот поен на мечот. Српскиот тенисер и Американецот одиграа размена од 25 удари, по што Ѓоковиќ со смеч израмни.
Тогаш се сврте кон публиката и порача: „Да ве слушнам!“
Фриц потоа имаше уште четири прилики за брејк, но Новак ги одбрани сите – со игра на мрежа, со силни сервиси и со одличен форхенд кој Американецот „воопшто не го виде“.