Connect with us

Фудбал

Шпанецот Хименез позајмен на Борнмут

Калчолигашот Милан го позајми шпанскиот фудбалер Алекс Хименез на Борнмут, објави денеска клубот од Милано.


Во клупското соопштение се прецизира дека Борнмут ќе го откупи договорот на Хименез со Милан откако ќе бидат исполнети одредени услови.


Дваесетгодишниот дефанзивец одигра 22 натпревари во Серија А минатата сезона за Милан, Хименез потекнува од младинска академија на Реал Мадрид, но стигна само до вториот тим на 15-кратниот европски шампион