Connect with us

Фудбал

Премиерлигашите потрошија 3,5 милијарди евра во летниот преоден рок

Клубовите од англиската Премиер лигата потрошија околу 3,5 милијарди евра во летниот преоден рок во 2025 година, што е рекордна бројка, објавува Би-би-си.

За споредба, во летото 2024 година, трошоците за трансфери изнесуваа околу 2,2 милијарди евра.

Во исто време, англиските клубови потрошија повеќе во 2025 година отколку клубовите во Бундеслигата (Германија), Ла Лига (Шпанија), Лига 1 (Франција) и Серија А (Италија) заедно.

Најмногу пари чини трансферот на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул. За него „црвените“ платија 144 милиони евра.