Фудбал
Аргентинецот Гонзалес нов фудбалер на Атлетико

Аргентинецот Николас Гонзалез (27) е нов фудбалер на Атлетико Мадрид, објави вечерва шпанскиот гигант.
Според италијанските медиуми, Гонзалез доаѓа во Атлетико од Јувентус на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот за 34 милиони евра.
Аргентинскиот фудбалер го напушти клубот од Торино по само една сезона во која имаше 38 настапи.
За аргентинската репрезентација досега собра 41 настап, освојувајќи две титули во Копа Америка (2021, 2024).
Гонзалез се најде и на списокот фудбалери за Светското првенство во 2022 година, кое го освои Аргентина, но беше отстранет три денови пред почетокот на турнирот поради повреда.
септември 2, 2025