Вести
Албански медиуми: Тепачка на партискиот состанок на ДУИ во Чаир!?

Пресметка меѓу две групи избила вечерва во Чаир, за време на изборниот состанок на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во близина на ресторанот „ФАФА“, каде што присутни биле и партискиот лидер Али Ахмети, како и кандидатот за општина Чаир, Бујар Османи, јавуваат медиумите на албански јазик.
Настанот се случил околу 19:00 часот, за време на собир што беше најавен како средба со политичкиот актив на ДУИ во Чаир. Според очевидци, по вербална расправија меѓу присутните, ситуацијата ескалирала во физичка пресметка, предизвикувајќи тензии и хаос.
Информациите од местото на настанот говорат за тепачка со тупаници и турканици, во која биле вклучени повеќе лица.
Незадоволството во ДУИ е очигледно, особено поради лошата состојба на теренот, пишуваат медиумите на албански јазик.
септември 2, 2025