Connect with us

Сервисни информации

Нема активни пожари, два се под контрола, а 13 изгаснати

Во земјава вечерва до 20:30 часот нема активни пожари, два се ставени под контрола, а 13 се изгаснати, информираат од ЦУК.  

Под контрола се пожарите на планината Кожуф (приземен пожар) и во Јасен (мешана шума). 

Изгаснати се 13 пожари и тоа: 

 1. Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума);

 2. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубриште);

 3. Општина Куманово: кај филтер станица (ниска вегетација);

4. Општина Центар: Кеј 13 Ноември (ѓубре);

5. Општина Илинден 1: с. Миладиновци (ниска вегетација);

 6. Општина Илинден 2: Индустриска зона Бунарџик (ниска вегетација и патничко возило);

 7. Општина Ѓорче Петров: покрај Лепенец (ѓубре);

 8. Општина Сарај: кај езеро Треска (ѓубриште);

 9. Општина Прилеп: с. Десово (ниска вегетација и ѓубре);

 10. Општина Гостивар: Гостивар (ѓубре);

 11. Општина Кавадарци: с. Фариш (ниска вегетација);

 12. Општина Боговиње: с. Боговиње (дива депонија);

 13. Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште).