Connect with us

Скопје

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 170 примероци од 46 мерни места.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.08.2025 до 29.08.2025 зема 170 примероци за физичко-хемиска и 170 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.