Connect with us

Фудбал

Хејн од Арсенал во Вердер

Бундеслигашот Вердер Бремен го донесе во своите редови голманот Карл Хејн на позајмица од Арсенал, објави клубот од Бремен.

Естонскиот репрезентативец ќе има конкуренција за голманското место во Вердер во Мио Бакхаус, кој стана прв избор откако Михаел Зетерере се пресели во Ајнтрахт Франкфурт оваа недела

Хејн беше во академијата на Арсенал од 2018 година, а минатата сезона ја помина на позајмица во шпанскиот тим Виљареал.

„Задоволни сме што ја пополнивме празнината што ја остави Михаел Зетерере. Тој беше важен голман во Ла Лига минатата година и ги покажа своите квалитети во естонската репрезентација. Со него сега имаме група висококвалитетни голмани“, рече спортскиот директор на Вердер, Петер Нимаер.

„Одлуката да се приклучам на Вердер беше многу лесна за мене. Тоа е голем клуб со фантастични навивачи и одличен стадион. Не размислував двапати. Едвај чекам да започнам со Вердер“, порача Хејн.