Фудбал
Милевски: Мечот со Лихтенштајн е најважниот за нас

Македонската фудбалската репрезентација на почетокот на септември ја очекуваат два натпревари, пријателски против Саудиска Арабија во Чешка, а потоа и квалификациски дуел за СП 2026 со Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Овој, вториот има посебна важност за селекторот Благоја Милевски.
– Првиот натпревар е пријателски, а потоа следи квалификацискиот дуел со Лихтенштајн. Мечот против Саудиска Арабија ќе го искористиме за да испробаме некои тактички замисли и да им дадеме шанса на повеќе фудбалери. Што се однесува до дуелот со Лихтенштајн, можеби тоа е најважниот меч за нас во овие квалификации. Максимално го респектираме противникот и мора да бидеме подготвени да го дадеме максимумот. Најважни ни се тие три бода, а потоа ќе размислуваме за следните предизвици што нè очекуваат во октомври, изјави Милевски.
На 4 септември Македонците во Прага ќе играат контролен натпревар со Саудиска Арабија, додека на 7 септември ќе се соочат со Лихтенштајн во Скопје во квалификациите за Светско првенство 2026.
август 30, 2025