Connect with us

Фудбал

Манчестер јунајтед во преговори со белгискиот голман Ламенс

 Манчестер Јунајтед се обидува да го донесе во своите редови голманот на Антверпен, Сен-Ламенс, јавија денеска белгиските медиуми.

Минатата сезона стандарден на голманската позиција во Јунјатед беше Андре Онана, кој ова лето отсуствуваше од теренот поради повреда на тетивата.

За 23 годишниот белгиски голман Ламенс интерес покажува и италијанскиот гигант Интер.

Манчестер јунајтед ја почна новата премиерлигашка сезона со домашен пораз од Арсенал, а в недела му гостува на Фулам.