Фудбал
Имобиле два месеци надвор од теренот

Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле (35) ќе отсуствува најмалку два месеци од теренот, откако се повреди на својот прв официјален натпревар за Болоња, објави денеска италијанскиот прволигаш.
Имобиле дебитираше за Болоња во саботата на гостински терен против Рома, а се повреди во 30. минута од натпреварот.
Болоња објави дека Имобиле го повредил мускулот на десната нога.
Имобиле пристигна во Болоња кон крајот на јули откако минатата сезона ја мина во Бешикташ, постигнувајќи 15 голови на 31 натпревар за клубот од Истанбул.
август 30, 2025