Свет
ЕУ има суверено право да ја регулира економијата

Европска Унија има суверено право да ја регулира економијата и технологијата, објави денеска Европската комисија како одговор на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царински мерки за земјите за кои тврди дека им се закануваат на американските технолошки компании.
Брисел го отфрли обвинувањето дека американските компании биле цел на дигиталните правила.
Даноци или закони за дигитални услуги, како и регулативи за дигитални пазари, се дизајнирани да дискриминираат или да им наштетат на американската технологија, напиша Трамп синоќа на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social) без да ја посочи ЕУ.
Тој најави „значајни дополнителни царини“ доколку не се укинат „дискриминаторските мерки“.
– Суверено право на ЕУ и нејзините земји-членки е да ги регулираат економските активности на нивната територија во согласност со демократските вредности, изјави портпаролката на Европска комисија, Паула Пињо.
август 30, 2025