Connect with us

Фудбал

Евертон го одигра првиот натпревар на новиот стадион

    Евертон денеска го одигра првиот натпревар на својот нов стадион „Хил Дикинсон“ на кој се пресели откако 133 години настапуваше на легендарниот „Гудисон Парк“

    Преселбата на новиот стадион со капацитет од 52.888 седишта Евертон ја одбележа со огномет и победа над Брајтон со 2-0 во рамки на 2 коло во Премиер лигата.

    Првиот гол го постигна Илман Ндијаје (23), а победата ја запечати Џејмс Гарнер (52). Џек Грилиш асистираше за двата гола.

    Во другиот денешен натпревар, Кристал Палас и Нотингем Форест одиграа нерешено 1-1.