Connect with us

Хроника

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“ преземаат мерки за негово пронаоѓање.

-На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“, информира СВР Охрид.