Фудбал
Њукасл не го пушта Исак во Ливерпул

Премиерлигашот Њукасл нема намера да го продаде својот најдобар играч Александер Исак. Актуелниот првак на Премиер лигата Ливерпул испрати две понуди кои беа одбиени од страна на Њукасл. Последната понуда на Ливерпул изнесуваше 140 милиони евра и доколку се реалираше овој трансфер ќе беше најголемиот овој преоден рок.
Пораката од Њукасл до играчот е дека оваа година нема да замине.
Но, фудбалерот откако побара трансфер, не тренира со клубот и рабаоти сам индивидуално. Тој веќе не е дел од првиот тим на Њукасл.
Ливерпул овој преоден рок направи неколку трансфери и ги донесе Уго Екитике за 95 милиони евра; Флоријан Вирц за 125 милиони евра; Милош Керкез за 47 милиони евра и Џереми Фримпонг за 40 милиони евра.
август 12, 2025