Фудбал
Коман преговара со Ал Наср

Ал Наср не престанува со засилувањата во својот ростер, а последното име што се споменува е Кингсли Коман. Играчот на Баерн Минхен е на радарот на клубот од Саудиска Арабија. Преговорите се веќе почнати, а Ал Наср за новата сезона веќе ги договори Мартинез од Барселона и Жоао Феликс од Челзи.
Во составот на Ал Наср веќе се неколку големи ѕвезди како Кристијано Роналдо, Садио Мане и Марсело Брозовиќ.
Што се однесува до Коман, тој за Баерн има одиграно 339 натпревари, а има уште две години од договорот и за евентуален трансфер Ал Наср ќе треба да плати обештетување на баварскиот клуб.
август 12, 2025