Connect with us

Фудбал

Уште еден играч го напушта шампионскиот тим на Ливерпул

До стартот на новата сезона во Премиер лигата остануваат уште малку денови, а екипите ги имаат завршните подготовки. Тоа значи дека се прават составите за новата сезона и дел од играчите ќе мора да бараат нови клубови. Шампионот на Премиер лигата Ливерпул овој преоден рок беше активен на трансфер пазарот, па така по купувањето на неколку играчи дел од шампионскиот состав размислува за заминување.

Еден од фудбалерите кој е на „излезна врата“ е 21-годишниот Харви Елиот. Ланската сезона одигра 53 натпревари најчесто во ротација. За него интерес има од бундеслигашот Лајпциг, а Елиот веќе разговарал со Оле Вернер и Марсело Шафер, клучни луѓе за трансфери во Лајпциг пренесуваат германските медиуми.

Овие денови од Ливерпул си заминаа Тајлер Мортон во Олимпик Лион (трансфер 10 милиони евра) и Дарвин Нуњез во Ал Хилал (трансфер 53 милиони плус бонуси).