Connect with us

Фудбал

Скандал: Се скандираше „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

На Националната арена во Скопје, синоќа, за време на натпреварот од квалификациите меѓу Шкендија и Карабах, навивачите на тетовскиот клуб во повеќе наврати скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“, предизвикувајќи инцидент и покрај апелите за фер и спортско навивање.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе преземе мерки за санкционирање на националистички испади, слично како и по неодамнешниот инцидент на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.

Ова не е прв ваков случај со навивачите на Шкендија. Пред неколку месеци, на мечот против Брера, за време на едноминутниот молк во чест на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани, тие упатуваа свирежи и скандираа за УЧК.

Шкендија го загуби натпреварот со Карабах со 1:0.