Connect with us

Фудбал

Нова „деветка“ во Реал Мадрид

Заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид направи лавина на промена на броевите на дресовите. Бројот 10 остана слободен и очекувано оваа бројка ја зема првата ѕвезда на тимот Килијан Мбапе. Тоа автоматски значеше дека број 9 остана без сопственик. Како играчи од нападот Ендрик и Гонзало Гарсија се вбројуваа како главни кандидати.

Гарсија во текот на летото беше во подобра форма, додека Ендрик важи за поголем талент.

Нов сопственик на дресот со број 9 е Гарсија, по одличните настапи на Светското клупсо првенство. На шест натпревари постигна четири голови. Ова значи дека тој ќе биде дел од првиот тим и нема да биде регистриран за резервниот состав Кастиља.

Оваа одлука може да се смета и како историска бидејќи по подолго време шпански фудбалер ќе го носи дресот со број 9.