Connect with us

Фудбал

Андон Дончевски почесен претседател на Вардар

На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана во текот на вчерашниот ден, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски да биде прогласен за почесен претседател на клубот.

„Чичко Дончо“ со години го носеше дресот на Вардар, а беше и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Дончевски и покрај тоа што живее во Австралија, често пати доаѓа во Македонија да даде поддршка на Вардар и на репрезентацијата.